Орев

Оревот спаѓа во фамилијата Junglandaceae – ореви. Орев кај нас засега се одгледува како поединечна овошка или како дрвореди. Ретко може да се најдат мали насади. Бидејќи создава голема и растресита круна тој може да се формира и без резидба. Треба да се има предвид дека цутните пупки се доминираат на врвот на гранчињата па затоа ако се врши резидба треба да се врши остранување на цели гранки а не само скратување. Резидбата треба да се врши во тек на летни месеци бидејќи тогаш полесно зараснуваат направените рани. Во поедини делови од круната различно се однесуваат кон ниски температури. Напролет штотуку потерани леторасти, измрзнуваат веќе на 0°C. Поради тоа во региони со поголема опасност од доцни пролетни мразови треба да се одгледуваат типови или сорти кои подоцна потеруваат. Во однос на почетокот на вегетацијата помеѓу оделните сорти има големи разлики (и до еден месец). Едногодишните леторасти во текот на зимата измрзнуваат на температура од -25°C. Степенот на измрзнувањето зависи во голема мера и од состојбата на овошката. Во услови на суша или болести после кои овошката влегува во зимата таа има помалку резервни материи, и при тоа гранчињата се поосетливи на мразеви. По измрзнувањето круната на оревот може да се регенерира, па од овие причини овошките од ореви може да живееат подолг период. Оревот несака терени кои се изложени на силни и ладни ветрови, бара топли положби и затоа само на такви терени во асоцијација со дабот може да оди на надморска висина до 800 м. Високите летни температури можат да предизвикаат ожеготини на плодовите но и на гранките.

САДЕЊЕ

Орев се сади на растојание во редот од 8 до 10 метри и од 8 до 12 метри меѓу редовете. На послаби почви растојанијата се од 6х6 до 6х8 метра.Во нашата земја орев е распространет насекаде, како поединечни дрвја. Оревите се развиваат најдобро во области со надморска височина од 700-800 метри, а во шумските насади е застапен и до 1300 метри.

КАРАКТЕРИСТИКИ

Орев е големо дрво по димензии , со височина од 15-20 метри и дебелина на стеблото до 150 см. Орев се опрашува со помош на ветрот. Машките и женските цветови кај некои сорти ореви не цветаат истовремено и тоа го отежнува самооплодувањето. Оревите размножени од семе-некалемени, стапуваат подоцна во фазата на прородување, околу 12-15 години по садењето. Во индустриските ореови насади се садат дрвја калемени. Тие ги формираат првите плодови од орев на 2 – 3 година по садењето, полна плодност достигнуваат по 6-тата година. Од едно дрво можат да се добијат во просек 40-80 кг орев. Орев живее над 200години. Оревите сакаат потопли места, помалку мразови и мека зима. За време на длабокиот мир дрвјата поднесуваат успешно температури до -28 ° С. Не сака сенка, реагира многу добро на наводнување, но е релативно отпорен на суши.

 

Лиценцираниот расадник Агрокласик ви ги нуди следните сорти на орев:

A

ЧЕНДЛЕР


Рок на зреење: 15-20 Септември
Опрашители: Франкет и Педро
Плодови: Големи, гроздовидни од 1 до 4 плодови.Тежина 13-15 грама
Тежина на јатката: 7-8 грама

ОРЕВ ЦЕНДЛЕР


tumblr_mhrx2nPLX11rnnpdio1_500
ПЕДРО
Рок на зреење: 20-30 Септември
Опрашители: Франкет и Чендлер
Плодови: Големи, гроздовидни.Тежина 13-14 грама
Тежина на јатката: 6-7 грама

A (1)
ФРАНКЕТ
Рок на зреење: 15-20 Септември
Опрашители: Педро и Чендлер
Плодови: Големи, гроздовидни.Тежина 11-13 грама
Тежина на јатката: 5.3-5.6 грама

A (11)
ИЗВОР 10
Рок на зреење: 15-20 Септември
Опрашители: Шејново
Плодови: Големи, гроздовидни.Тежина 9.5-10 грама
Тежина на јатката: 5-7 грама

A
ШЕЈНОВО
Рок на зреење: 15-20 Септември
Опрашители: Дрјановски
Плодови: Големи, гроздовидни.Тежина 12-13 грама
Тежина на јатката: 8-10 грама

 

КОНТАКТ

Ваш АГРОКЛАСИК

тел. 072 249 180